Вардар победнички се враќа од Тулуз

Иако имаше пад во играта и „прокоцка“ предност од девет гола на почетокот на второто полувреме, Вардар сепак победнички се враќа од Франција каде го победи Тулуз со 28-26 (18-11) за втор триумф во групната фаза од Лига Европа.

Вардар одигра перфектни 30 минути во првото полувреме и тоа им донесе водство од 18-11, најавувајќи дека се дојдени да ги освојат бодовите. Одбраната беше одлична, нападот убоит, а домашниот тренер Анѓелковиќ мораше во рок од 20 минути двапати да бара тајмаут.

Водеше Вардар со 6-1 во минута, па 12-6 во 20 минута, а 14-8 во 23 минута. „Црвено-црните“ делеа ракометни лекции. Колку што Вардар беше добар во првиот дел, толку лошо одиграа во продолжението. Имаа предност од „плус 9“ на самиот почеток, најавувајќи дека ја продолжуваат серијата. Но, од предност 20-11 во 32 минута, домашните намалија на 23-22 во 47 минута.

Оттогаш почна драмата и неизвесноста на натпреварот. Тулуз доби сила, а Вардар бараше начин како да се одбрани, и да ги реализира укажаните шанси.
Последните пет минути Вардар влезе со предност од 27-24, и имаа играч повеќе.

Боно погоди за предност 28-24 и имаше малку време за домашните да се вратат во игра. Тулуз намали на 28-25, а потоа Чупиќ побара тајмаут на 2,5 минути до крај на средбата. Вардар не ја искористи шансата да даде гол за мирен крај, а Тулуз на 71 секунда до крај намали на 28-26. Играа домаќините пресинг, а Вардар бараше шанса да потроши време и да дојде до шанса за гол за сигурна победа.

Марчинијак под пасивна игра не реализираше, а на спротивната страна Гогов со одбрана ги одврати домашните ракометари.

Јака Малус даде 6 гола, Дмитро Горига 4, а Боно, Јанковски и Митровиќ по 3 гола. Милош Валах имаше  одбрани а Васил Гогов сопре три топки.