Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија во Женската лига, откако славеа на гостувањето во Битола кај Пелистер со убедливи 32-24.
Во натпреварот од 21 коло, вардарки трите бода ги најавија уште во првото полувреме кога водеа со 18-10.
Вториот дел беше само рутински одработен од страна на избраничките на Анжела Платон, кои на крајот се радуваа на нови бодови.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Бојана Радевска со седум и Ивона Трпевска со шест гола, додека кај Пелистер се истакна Моника Босилковска со седум погодоци.
Вардарки сега имаат 49 бодови исто колку и Чаир на третото место и ќе се борат за ТОП 3 до крајот на сезоната.