Поранешниот шампион Вардар од денеска е посилен за уште една млада ракометрка која претходно беше дел од Металург Автокоманда.
Станува збор за десниот бек, Евгенија Смиљковска, која настапува за пионерската и кадетската репрезентација на Македонија.
По претходно промовираните Таида Беровиќ и сестрите Ања и Мила Лашкоски, Смиљковска е најновото репрезентативно засилување на „црвено-црните“.
Смиљковска е ракометарка со голем потенцијал, која беше прогласена за МВП на пионерскиот Ф4 минатата сезона.
Таа беше дел од кадетската репрезентација на Европското првенство во Црна Гора, настапи и на ЕМОФ во Скопје, а се најде и во конкуренција за настап на Медитеранското првенство во Приштина.
























