Вардар останува без пивотот: Коиј се сели во Бундес лигата!

Холандскиот репрезентативец Ларс Коиј по само една сезона во Македонија ќе си замине од тимот на Вардар.

Од претстојното лето тој се враќа во Германија, и ќе го носи дресот на бундеслигашот Бергишер најмалку до 2027 година.

Коиј имаше одлични партии во Лигата на Европа, но и на Светското првенство во дресот на Холандија, па јасно беше дека ќе го привлече вниманието на многу клубови.

Ова е камбек за кружниот напаѓач во Германија, откако таму играше за Емстеден, Хам Вестфален, а беше дел и од академијата на Фленсбург. Дел од кариерата мина и во данскиот Тондер.