Вардар одработи рутински против жилавиот Бутел

Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, Вардар, ја мина првата пречка и славеше против Бутел Скопје со 26-19.

Бутелци му пружија отпор на фаворизираниот „црвено-црн“ состав, особено во првото полувреме, но во вториот дел домаќините на групата одработија рутински.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Кеита со четири гола, а голманите Валах и Гогов комбинираа 14 одбрани. Во составот на Бутел Скопје се истакна Киселовски со четири погодоци.

Ривал на Вардар во битката за Ф4 ќе биде тимот на Еурофарм Пелистер 2, кој славеше со 28-23 против „витамините“ од Автокоманда.