Ракометарките на Вардар им се вратија на победите во Женската лига, откако славеа рутински против Спартак со 29-24.
На полувремето од натпреварот од 4 коло, избраничките на Анжела Платон водеа со шест гола разлика, 16-10.
Домаќинките успеваа да парираат во вториот дел, но тоа ниту оддалеку не беше закана за некаков камбек во натпреварот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Леона Миленкоска и Јасмина Попова со по пет гола, додека Зорица Андовска со 11 погодоци беше најдобра кај Спартак.
Во следното коло Вардар ќе игра со Шампион, додека Спартак оди на мегдан на шампионот Ѓорче Петров.