За следните два домашни натпревари од главната фаза во Лигата на Европа од денеска во продажба се пуштени блок билети за двете средби на Вардар, со Мелсунген и со Бенфика.
Една недела ќе трае продажбата на блок билетите по оваа цена, а потоа ќе продолжи продажба, но на поединечни билети кои ќе имаат повисока цена.
Најевтините блок билети за двата натпревари чинат само 300 денари, а продажбата трае до 16 февруари. Во зависност од местото на седење во салата, има билети и од 400, 500, 600 и 700 денари.
Продажбата на блок билетите ќе се одвива преку онлајн ТУКА и на блетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.
Натпреварот Вардар – Мелсунген е закажан за 24 февруари во 20:45 часот, а дуелот Вардар – Бенфика ќе се игра на 3 март во 20:45 часот.
Вардар ја стартува главната фаза од Лига Европа со два бода, а во групата се уште и екипите на Мелсунген, Бенфика и Кристијанштад.

























