Натпреварот од второто коло на машката Прва ракометна лига меѓу Вардар Неготино и Кичево заврши со службен резултат 10-0 за домаќините.
Средбата беше планирана да се одигра вечерва, но денеска кичевци испратиле известување до РФМ дека нема да допатуваат бидејќи имале повеќе ракометари кои биле болни.
За Вардар ова се нови бодови со кои се задржуваат на лидерското место на табелата, а Кичево останува со два порази по ред сезонава.
Во третото коло, следниот викенд Кичево треба да биде домаќин на Македонија ЃП, додека Вардар Неготино оди на дерби дуел во Богданци против тимот на Младост.