Вардар Неготино се засили пред прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Вардар Неготино донесе уште еден нов ракометар за продолжението од Првата лига, односно за плеј-офот.

Неготинци се засилија со десниот бек Милан Пранговски, кој може да ја покрие и десната крилна позиција, а досега беше дел од велешки Борец ФЛ.

Претходно Вардар Неготино донесе уште двајца велешани – Лазар Стојанов и Илија Димов, кои есенскиот дел од Првата лига го носеа дресот на Драчево.

Вардар Неготино одамна обезбеди место во прволигашкиот плеј-оф, а од регуларниот дел од сезоната му останува да го одигра уште дуелот со Партизан Гевгелија.