Вардар Неготино му „дише во врат“ на Младост – за десет минути го реши Аеродром

Вардар Неготино ја забележа шестата победа во Првата лига, откако на домашен терен беше подобар од Аеродром со 38-28.

Домашните поведоа со 8-1 по десетина минути игра и потоа немаше дилеми околу победникот во текот на цел меч.

Гостите на два пати стигнаа до минус три, но немаа сили за да направат нешто повеќе на ова тешко гостување во Неготино.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа крилата Шилегов со девет и Бикоски со осум гола, а кај Аеродром пет пати погоди Аврамовски.

Вардар Неготино сега има 12 бодови исто колку Драчево Јуниор и „витамините“ од Автокоманда на делба на второто место, зад Младост Богданци кој е лидер со 14 бодови.