Вардар Неготино ќе „лета“ со суперлигашки крила – доаѓа Христи Бикоски!

Левото крило Христи Бикоски, кој минатата сезона настапуваше за тимот на Прилеп, и беше капитен на екипата, во новата натпреварувачка година ќе го носи дресот на Вардар Неготино.

По шест сезони Бикоски заминува од Прилеп, и повторно ќе соработува со Пепи Манасков кој беше негов тренер додека играше за екипата на Вардар јуниор, и во младинските екипи на „црвено-црните“.

Бикоски со своето искуство ќе биде значајно засилување за неготинскиот тим, кој амбициозно ја подготвува претстојната сезона. Очекувањата се дека тој ќе даде голем придонес во остварувањето на целите на клубот и ќе помогне во градењето на конкурентна екипа за пласман во горниот дел од табелата.

Вардар Неготино веќе работи на финализирање на ростерот, а ангажманот на Бикоски е уште еден чекор во насока на создавање квалитетен состав подготвен за предизвиците што следат.

 

Во Неготино прават силен тим – го ангажираа Мице Шилегов

 

ПРЕСВРТ: Манасков преговараше со Струга – ама потпиша за Вардар Неготино