Тимот на Вардар Неготино полека го склопува играчкиот мозаик за претстојната сезона во која посакува камбек во елитата.
Задржан е костурот на тимот – левиот бек Драган Кузманов, средниот бек Мирослав Митевски и голманот Александар Мицев.
Остануваат и левото крило Костадин Петров, како и кружниот напаѓач Наќе Ѓорѓев, а прво засилување е повратникот Ѓорѓи Орешков од Младост Богданци.
За борба за елитата ќе бидат потребни и засилувања на играчкиот кадар, а во тимот ќе бидат вклучени и дел од младинците.