Вардар Неготино донесе поранешен младински репрезентативец на Македонија

Вардар Неготино го склопува играчкиот мозаик пред стартот на новата натпреварувачка сезона во прволигашката конкуренција.

Најново име во тимот на Пепи Манасков е кружниот напаѓач Андреј Маркудов кој му се враќа на ракометот по пауза од две сезони.

Маркудов е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија, играше за Металург, Пелистер, Јуниор КВ, Аеродром…

Пред Maркудов, Вардар Неготино го ангажираше ракометарот на векот, Пепи Манасков, за нов тренер, а донесе и искусни суперлигашки имиња – левото крило Христи Бикоски и десното крило Мице Шилегов, десниот бек Иван Митревски, како и голманот Никола Стојкоски.

Од Младост Богданци се врати средниот бек Ѓорѓи Орешков, додека остана и капитенот Драган Кузманов, а во наредните денови се очекуваат уште неколку нови ракометари.

Вардар Неготино во првото коло од Првата лига на 13/14 септември ќе му гостува на Овче Поле во Свети Николе.