Амбициозниот прволигаш Вардар Неготино го донесе четвртото засилување за претстојната сезона во која влегува со големи амбиции за камбек во елитната конкуренција.
Станува збор за голманот Никола Стојкоски, кој минатата сезона ја мина во Драчево, а а претходно беше дел од составот на Скопје.
Пред Стојкоски, Вардар Неготино го ангажираше ракометарот на векот, Пепи Манасков, за нов тренер, а донесе и искусни суперлигашки имиња – левото крило Христи Бикоски и десното крило Мице Шилегов.
Од Младост Богданци се врати средниот бек Ѓорѓи Орешков, додека остана и капитенот Драган Кузманов, а во наредните денови се очекуваат уште неколку нови ракометари.
Вардар Неготино во првото коло од Првата лига на 13/14 септември ќе му гостува на Овче Поле во Свети Николе.