Вардар не го дава Гогов – останува до јуни 2027

Македонскиот актуелен вицешампион Вардар и официјално потврди дека македонскиот голман Васил Гогов ќе остане дел од „црвено-црните“ најмалку до јуни 2027 година.

Тој од 2019 година е дел од Вардар, и сериозно се наметна како важен дел од голманската линија на Вардар. Во изминатата сезона доби сè поголема минутажа, често бранејќи повеќе од странските колеги во тимот. На многу натпревар беше меѓу најдобрите играчи на Вардар.

Со овој потег, Вардар покажува дека сака да го задржи македонскиот репрезентативец на подолг рок и да гради иднина врз домашни играчи. Воедно, тоа е и јасен сигнал дека во следната сезона можно е да дојде до промени во голманскиот ростер, односно некој од сегашните странски голмани да си замине.

„Васил покажа дека има квалитет и карактер за Вардар. Неговиот напредок е очигледен и со нетрпение очекуваме да продолжи да расте во нашиот дрес,“ соопштија од клубот.