Вардар не ги заборави „своите“ Кристопанс и Парондо

Ракометарите на Вардар ја завршија групната фаза од Лигата на Европа со победа против германскиот Мелсунген со 32-30.

Пред стартот на мечот, раководството на „црвено-црниот“ тим, им додели пригодни подароци на некогашните вардарци.

Станува збор за Роберто Гарсија Парондо и Даинис Кристопанс, кои беа дел од вардаровото семејство до 2019 година.

Тие заедно со Рожерио Мораес, беа меѓу актерите што ја шокираа Европа во 2019 година и ја освоија титулата во Лигата на шампионите со победите над Барса и Веспрем.