Вардар на време се разбуди и победи во Струга

Наместо лесни бодови како што планираа, ракометарите на Вардар мораа да се намачат за да ја победат Струга на гостувањето покрај езерото. На крајот резултатот беше 34-25 (16-15) за „црвено-црните“, но имаше и периоди кога и Струга имаше водство.

Искуството на гостите и подолгата клупа, па и добрите одбрани на Марко Богдановски во некои клучни моменти им дадоа крилја на ракометарите на Вардар да направат добра предност.

Уште на полувреме новиот тренер Гиљермо Милано имаше што да имкаже на играчите. Со гол во последните секунди Ашраф го спаси Вардар од срам, и „црвено-црните“ водеа со 16-15. Иако во текот на првото полувреме Вардар постојано имаше водство од 3-4 гола, сепак од водство 13-9 му дозволи на домаќинот да дојде на 14-14.

Само што почна второто полувреме, Струга се закани и поведе. Но, при резултат 17-16 за Струга, голманот Марко Богдановски го обрани пеналот на Мијушковиќ. Потоа имаше уште една добра интервенција, и во полуконтра Вардар веќе имаше предност од 18-17, а потоа и 20-18. Домашниот тренер Наум Танески побара тајмаут, со надеж дека ќе може повторно да го врати тимот во игра резултатски. Но, наместо враќање на Струга, гостите ја зголемија предноста на 22-19, која во 45 минута беше 24-19.

Потоа рутински до крај не само што победија туку направија и дури и превисока преност, во однос на тоа како беше сликата на теренот во сите 60 минути.

Во екипата на Вардар ги немаше голманот Еспиња, крилото Срдановиќ, бекот Борозан, пивотменот Лазаревски и капитенот Георгиевски. По подолга пауза во составот се врати Димитро Горига, а конечно дебитираше и Мигел Пинто кој се опорави од операцијата на менискусот.

Хансер Родригез со 6 гола беше најефикасен кај Вардар, а пет гола постигна Томислав Јагуриновски. Во домашниот тим Ненад Костоски даде 9 гола, од што пет о дпенал, а Богдан Мијушковиќ беше петпати прецизен.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186