Вардар му посака добредојде на „бомбардерот“ Талески!

Македонскиот интернационалец Филип Талески по две сезони во португалската Бенфика од лето ќе се врати во Вардар.

Најтрофејниот македонски клуб му посака добредојде на левиот бек, кој одново ќе биде дел од „црвено-црното“ семејство.

Крушевчанецот е производ на школата на Металург, играше во бундеслигашите Рајн Некар Левен и Балинген, пред да се врати во Македонија.

Играше за Вардар, а потоа замина во Лисабон, каде не ја добиваше посакуваната улога во тимот, па камбекот во Скопје ќе биде шанса за нов рестарт.

Тој не беше дел од националниот тим на Македонија на последните две големи натпреварувања, но со враќањето дома, можеби ќе добие прилика за камбек и во репрезентативниот дрес.