Пред почетокот на средбата со Охрид, во салата во СЦ „Јане Сандански“ со едноминутно молчење му се оддаде почит на поранешниот член на „црвено-црните“ Едуард Кокшаров кој завчера ненадејно почина.
Кокшаров во 2016 година се пресели во Македонија, каде што долги години беше спортски директор на Вардар, а во одредени периоди ги предводеше и машката и женската екипа како главен тренер.
За време на неговиот ангажман како спортиски директор, машкиот тим на Вардар двапати ја освои Лигата на шампиони, четири пати беше шампион на Македонија и три пати го освои националниот куп. Женскиот тим, пак, двапати играше финале во Лигата на шампиони и освои по две титули во домашното првенство и куп.
Вардар се прости од Кокшаров: Остави големо ракометно наследство и спомени што ќе траат























