Вардар мораше добро да се испоти против Скопје

Екипата на Вардар, која на стартот од вториот дел од Женската лига беше поразена од Чаир, им се врати на победите, откако триумфираше против Скопје со 29:24.

Денешниот дуел беше проследен со голема борба, имаше вкупно 15 исклучувања и еден црвен картон.

Скопје против „црвено-црните“ се покажа како опасен ривал, посебно во првиот дел, во кој имаше резултатска контрола.

Вардарки по лошиот старт се обидуваа да фатат приклучок и се вратија во финишот од првото полувреме. Избраничките на Будимир и Радуловиќ беа мотивирани да го покажат најдоброто од себе и евентуално да дојдат до изненадување.

Резултатот по 30 минути игра беше нерешен, 12:12. Ракометарките на Вардар во вториот дел го презедоа водството, тимот на Скопје во неколку наврати израмнуваше, но не издржа до крајот. Во 36 минута црвен картон поради три исклучувања заработи членката на Скопје, Илијана Боризовска.

Вардаровиот табор за освојување на посакуваните бодови мораше да одигра на посакуваното ниво во последниот дел. Скопје во периодот од 45 минута, па до крајот, заостануваше на три до четири гола разлика и не успеа да дојде до камбек.

Најефикасна на натпреварот беше Ивона Трпевска, која со 11 погодоци беше најзаслужна за триумфот над Скопје. Кај поразената екипа се истакнаа Нина Неделковска со осум и Стефани Ристиќ со седум погодоци.

Вардар за повисок пласман на табелата ќе треба да го даде максимумот на дуелите со Куманово, Металург Автокоманда, Ѓорче Петров…но и да ја оправда фаворитската улога на останатите натпревари.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080