Само два дена откако триумфираше во Купот, Вардар со само ден вистински одмор отпатува во Кавадарци, и во 9. коло од плејофот го „преслуша“ Тиквеш, победувајќи го со 32-22 (15-9) како загревање за она што следи – најважниот меч на сезоната. Во сабота во Скопје, „црвено-црните“ го пречекуваат Еурофарм Пелистер во дуел што решава за титулата.
Ја продолжија скопјани својата успешна серија во 2025 година и ја забележаа 17. победа, осма во разигрувањето за титулата.
Почетните минути беа „неизвесни“ зашто дмашните иако имаа негатива од 5-1 се вратија на 6-5, и се понадеваа дека ќе можат да му конкурираат на најтрофејниот тим во Купот кој претходно ја освои рекордната 17. титула. Но, надежта кратко траеше, бидејќи Вардар се одлепи и за кратко си направи предност која на полувреме стигна до 15-9.
Ги одмараше Милано неколку свои ракометари, па во составот ги немаше капитенот Георгиевски, Борозан. Аларов, Срдановиќ, Борозан кои секако ќе бидат корисни и одморни за в сабота.
Тиквеш веќе немаше сили да се спротистави, и во вториот дел се беше јасно. Стигна Вардар и до највоските дотогаш 25-15, а во последните 10 минути од мечот гостите пак имаа „плус 10„ за Вардар кој имаше предност 28-18. Потоа до крај беше рутна.
За Вардар следуваат неколку дена одмор и најважнио тмеч, а исто и Тиквеш ќе го пречека Охрид, во меч кој ешава кој ќе биде четвртопласиран.
Хансер Родригез со 9 гола беше најпрецизен кај Вардар, а 6 гола постигна Стефан Петриќ. Во домашниот тим, шестпати погоди пивотменот Кристијан Анастасовски, кој в година оди во Вардар, а еден помалку постигна Ани Обина.