Вардар лесно ги реши „амазонките“

Ракометарките на Вардар ја запишаа четвртата победа во Супер женската лига, откако славеа против Астибо со 38-26.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кога домаќинките имаа предност од 22-6, па вториот дел беше само рутина.

На гостинките не им помогна ниту одличната Анчева со 12 гола, како ниту засилувањата од Ангола, кои го имаа дебито за штипскиот клуб.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Леона Миленкоска со шест и Ивона Кимовска со пет погодоци.

Во следното коло Вардар ќе игра дома со Металург Автокоманда, а Астибо гостува кај Спартак.