Двократниот европски првак Вардар започнува иницијатива за зачувување на клупската историја преку формирање на нова трофејна соба во рамките на салата „Расадник“.
„Црвено-црниот“ тим кој е на добар пат да се врати на македонскиот трон по пауза од три сезони, наскоро треба да се врати во „Расадник“.
„Со оваа иницијатива сакаме да ги собереме и зачуваме оригиналните дресови со кои Вардар настапувал низ годините. Дел од нив веќе се наоѓаат во сопственост на клубот, но нашата желба е да ја комплетираме колекцијата и да обезбедиме што повеќе оригинални и добро сочувани дресови од различни периоди. Секој дрес носи своја приказна. Тој е дел од некој натпревар, победа, генерација и емоција што го граделе Вардар како клуб. Затоа сакаме сите тие моменти да ги обединиме на едно место и да ги зачуваме за идните генерации.
Ги повикуваме сите навивачи и симпатизери кои поседуваат вакви дресови, а се во добра состојба и со позната сезона од која потекнуваат, доколку сакаат да ги донираат, да не контактираат. Секој дрес ќе биде прегледан од клубот и ќе биде прифатен доколку недостасува во колекцијата или е во подобра состојба од постоечкиот.
Како благодарност, клубот ќе обезбеди:
– нов дрес или комплет
– сезонски билет
– VIP пристап во салата
– средба со тимот
– организирана тура низ салата и средба со ракометаритеОва е можност секој навивач да стане дел од историјата на Вардар и да остави свој белег во клубот“, се вели во објавата на клубот.
Сите навивачи на Вардар сега добиваат уникатна можност за дружба со ракометарите, дресови од „црвено-црните“, сезонски билети…
























