Вардар ќе „лета“ со истите крила

Тимот на Вардар продолжува со составувањето на играчкиот кадар за наредната сезона во која ќе влезе практично со истиот состав.

Откако беа задржани четирите голманки и трите пивоти, Вардар го потврди останувањето на петте крила од минатата сезона.

Првиот стрелец на „црвено-црните“, Леона Миленкоска, ќе остане и наредната сезона во Вардар, а покрај неа уште четири ракометарки.

Станува збор за Ивана Трифуновска, Ива Кимовска, Драгана Тодоровска и Јана Стојанова, па предводничката Анжела Платон ќе има познат тим на располагање.