Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија во Супер женската лига, откако славеа на гости кај Пелистер во Битола со 30-21.
Со оваа трета победа по ред, Вардар собра 14 бодови и се зацврсти на четвртото место пред Куманово кој има девет бодови досега.
По израмнетите дваесетина минути кога Вардар воеше само со гол предност, 8-7, скопјанки почнаа да ја градат предноста.
На паузата беше најавена победата, 17-11, а во второто полувреме гостинките само одработија рутински и ја зголемија разликата во нивна корист.
Најдобра во победничкиот тим беше Леона Миленкоска со девет погодоци, а по пет за домашниот тим постигнаа Ана Стојчевска, Ева Апостоловска и Анастасија Тодоровска.


























