Вардар имаше напад за најмалку бод во Шведска – на крај прими гол и загуби

Вардар доживеа минимален пораз од 31-32 на гостувањето кај Кристијанштад во 3. коло од групната фаза во ЕХФ Европската лига, иако во финишот беше само чекор од голем бод во Шведска. Сега и Вардар е второпласиран на табелата во групата, зад Кристијанштад, а трет е Сесвете кој го победи Тулуз во Загреб.

По бледо прво полувреме во кое вардарци имаа премногу технички грешки во нападот, а домаќините ја казнуваа секоја дилема, Кристијанштад замина на пауза со водство од 14-11. „Црвено-црните“ тешко го наоѓаа решението за Мансон, Хегхелм и Френд-Еофорс, а изостана и реализацијата од линијата за седум метри.

Во вториот дел слика сосема поинаква. Вардар одговори со намного поагресивна одбрана и поконкретен напад, а блесна Дмитаро Горига со серија проектили од бековската позиција. Поддржан од разиграните Малус и Боно, скопскиот тим чекор по чекор ја топеше предноста и во самата завршница приреди вистинска драма. Прво израмни, а потоа и поведе, но не успеа да ја задржи предноста.

Со нови погодоци на Горига Вардар прво се врати, а потоа и поведе со 29-30 и 30-31. Сепак, домаќините успеаја да израмнат од пенал. Имаше и Вардар шанса да поведе и да има најмалку реми во џебот, но тој напад не беше реализиран, бидејќи Ќосевски промаши од крило. Во последниот напад Мансон погоди за 32-31 и ги остави вардарци без заслужен бод.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Дмитаро Горига со 8 гола, Николас Боно и Јака Малус реализираа по 6, а Џуниор Тузолана постигна 3 погодоци. Мило́ш Валах имаше 18 одбрани и во голем дел го држеше тимот во игра.