Ракометарките на Вардар по елиминацијата од Купот и три врзани порази во лигата, им се вратија на победите и ги освоија бодовите против Пелистер.
Избраничките на Даниела Новеска славеа против битолчанки со убедливи 37-26 во натпревар од 19 коло во Супер женската лига.
Сега вардарки се искачија на третото место на табелата зад Ѓорче Петров и Чаир, со 20 бодови и се на добар пат да изборат место во ЕХФ Европскиот Куп.
Поведоа домаќинките со 5-2, па 8-3, за моментите битолчанки намалија на минус еден, но вардарки особено во вториот дел го контролираа резултатот и на крајот славеа убедливо.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Нина Попова со осум гола, како и Мила Ристовска и Леона Миленкоска со по шест погодоци, додека кај Пелистер, Невена Бундоска погоди осум пати, а Анастасија Тодоровска седум.

























