Вардар играше „падни -стани“, ама на крај со сигурна победа над Сесвете

Вардар ја оправда фаворитската улога, иако потешко од очекувањата, односно самите на моменти ја комплицираа ситуацијата, но на крај триумфираа со 34-29 (19-15) против Сесвете во првото коло од групната фаза од Лига Европа. Можеа и требаше порано да ги решат сите дилеми вардарци, бидејќи во неколку периоди имаа предност и од „плус 5“ гола, но потоа паѓаа во играта.

Кога во 42 минута Финек првпат го израмни резултатот, 21-21 како да ги налути домашните ракометари кои тргнаа да го „решаваат “ натпреварот. Па во 49 минута пак додјдоа до највисоките „плус 5“ за водство 27-22, а Џуниор Тузолана не реализираше и контра за уште повисоко водство.

Она што не му успеа на Тузола го реализираше Филип талески во 53 минута кога со проектил од девет метри зголеми на 30-24, и тоа беше период во кој Вардар резултатски се одлепи. Кога Вуко Борозан со својот втор гол зголеми на 32-25 веќе беше јасно дека нема да има никаква драма, а единствено што му остана на Игор Вори беше да побара нова минута одмор и да подели совети со кои Сесвете ќе остане во игра.

Од највисоките „плус 7“ на крај Вардар успеа да се врати на оние пет гола, иако можеше и повеќе и да им даде нова можност на навивачите да прославуваат на трибините.

Вардар – Сесвете

А почетокот на средбата ветуваше нешто сосема друго, лесна побед ана вардарци кои брзо поведоа со 7-3, па и со 9-4. Тоа беше знак за Игор Вори да побара тајмаут, и то авроди со плод зашто Сесвете намали на 12-11, а потоа и на 15-14 и 16-15. Во самата завршница на првиот дел скопјани постигнаа три гола по ред и заминаа со водство од 19-15.

Во следното коло Вардар гостува кај Тулуз, а францускиот тим вечерва од 20,45 го игра својот меч на домашен терен против Кристијанштад.