Вардар и Еурофарм Пелистер се избегнаа во Купот

Двете екипи кои се борат за титулата во првенството се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија. Ждрепката сакаше Еурофарм Пелистер да го добие домаќинот на турнирот, екипата на Охрид, додека тимот на Вардар ќе се сретне со актуелниот освојувач на Купот.

Полуфиналните мечеви се закажани за 31 мај во Охрид. Првото полуфинале се игра во 17 часот во кое игра Вардар, додека во 19,30 часот ќе настапи Еурофарм Пелистер.

Финалето е закажано за 1 јуни во 17,30 часот во Охрид.