Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат меѓусебе три пати во десет дена!

Двете најдобри македонски екипи ќе одиграат трипати меѓусебни натпревари пред стартот на новата сезона.

Вардар и Еурофарм Пелистер најпрво ќе се сретнат на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид на 21 август од 20:30 часот.

Потоа „црвено-црните“ и пелистерци ќе бидат дел од регионалниот турнир со Партизан и Ловќен, каде сосема извесно ќе има уште еден двобој.

Третата средба ќе биде од Супер Купот на Македонија на 3 септември, дуел со кој ќе биде најавена новата суперлигашка сезона.

Потоа следуваат уште два меча, во 5 коло на 1/2 октомври, како и во 16 коло од Супер лигата на 10/11 декември.