Вардар гостува кај „гладијаторите“ – охриѓани пуштија билети во продажба

Тимот на Охрид ги пушти во продажба билетите за дербито против двократниот европски првак Вардар.

„Црвено-црните“ ќе гостуваат кај „гладијаторите“ в недела, а многу веројатно ќе се бара билет повеќе за мечот в недела.

Билетите чинат 100 денари, а можат да се купат секој ден на билетарницата на СРЦ „Билјанини Извори“ од 18:00 до 20:00 часот.

Вардар се бори за титулата во Супер лигата и не смее да си дозволи кикс во Охрид, но домаќините ќе се обидат да му ги замрсат сметките во плановите.