Вардар продолжува со јасната стратегија за стабилност и континуитет, откако е постигнат договор за продолжување на соработката со левото крило Марио Стојановски.
Тој ќе остане во дресот на „црвено-црните“ и во следните две сезони, oдносно најмалку до 2028 година.
Стојановски е играч израснат во вардаровата школа и важи за еден од ракометарите кои постепено и сигурно го градеа својот пат до сениорскиот тим.
Во изминатиот период тој се наметна како опција на позицијата лево крило на кого може да му се верува. Неговиот напредок беше препознаен и од стручниот штаб, кој му доделуваше се поголема минутажа.
Паралелно со клупските обврски, тој има и репрезентативно искуство со младите селекции на Македонија, што дополнително ја потврдува неговата перспектива.
























