Тимот на Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигнаа договор за продолжување на соработката. Моќниот лев бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања.
Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство, физичка доминација и разорен шут беше еден од клучните играчи во освојувањето на Купот. Продолжувањето на договорот е доказ за заемната доверба меѓу играчот и раководството на клубот.
Левиот бек кој е познат по својот силен шут, и кој ги тресеше мрежите како член на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година, како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, три Купа, трипати СЕХА лигата. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.
Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна гора“.