Раководството на ЖРК Вардар полека го формира ростерот за претстојната натпреварувачка сезона.
Голманскиот квартет со поискусните Вероника Ѓорѓиевска и Андреа Илиќ, заедно со младите Марија Галачева и Зорица Хасаноска, останува во клубот.
Четирите чуварки на мрежата ја продолжија соработката и наредната сезона ќе и бидат на располагање на Анжела Платон.
Од клубот засега замина само левиот бек Сара Богојеска, а допрва ќе биде познати дали и колку засилувања ќе дојдат во Вардар.