Мораше да се помачи, да одигра уште еден натпревар на „жица“ докрај неизвесен, но Вардар сепак како што планираше победи, 35-30 (17-16) против Кристјанштад и македонскиот вицепрвак е на чекор до пласман меѓу Топ-16 екипи во Лига Европа. Со новите два бода, Вардар повторно е лидер во Ф групата во Лига Европа, со 5 бода, еден повеќе од Швеѓаните.
До крајот на групната фаза остануваат уште две кола, Вардар има гостување во Загреб и домашен меч против Тулуз. Првите две екипи од групата продолжуваат во Глвна фаза каде се вкрстува со двете најдобри екипи од Група Ф, и се пренесуваат бодовите од меѓусебните средби на екипите кои продолжуваат.
Она што е сигруно е дека Вардар ако се пласира во следната фаза, што е многу веројатно ќе пренесе најмалку 2 бода, бидејќи има победа против сите свои ривали.
Вардар на средбата играше без Вуко Борозан, во однос на тимот кој беше во Шведска. Гостите пак допатуваа со 12 ракометари и без физиотерапевт. И покрај тоа што немаа многу играчи за ротација, Кристијанштад добро се држеше и не му дозволи на Вардар да направи поголема резултатска предност. Му задаваше голем проблем на Вардар, особено во одбраната зашто лесно наоѓаа пукнатини за да реализираат.
Уште во првата минута гостите останаа без играч откако Антон Халкбак доби скршеница на носот во еден дуел со Горига. „Македонецот“ влезе силно и несакајќи сго поткачи гостинскиот ракометар. Со раскрвавен нос мораше да излезе од теренот, да интервенира и лекарската екипа и да биде пренсен на снимање во болница. И без него Швеѓаните се држеа одлично на мечот.

Македонскиот вицешампион имаше предност од 17-16 на полувреме на дуелот против Кристијанштад од 4. коло на групната фаза на Лига Европа. Имаа „црвено-црните“ предност и од три гола во еден момент (10-7) но не успеаја да ја задржат или да ја зголемат.
Швеѓаните отворија со 0-2, но Вардар брзо врати преку серија 7-3 за водство 10-7 (14 минута), со што ја презеде контролата врз резултатот. Гостите не се предадоа: намалија на 10-9, па 12-11, но домаќинот повторно „врза“ за 16-14.
И во второто полувреме се играше „гол за гол“, а вардарци амаа предност, и шанси кои не ги реализираа за да баправата резултатско бегство. Она што Вардар не го реализираше, а го имаше во своите раце и во нападот, гостит его казнија и во 42 минута израмнија на 21-21. И како што му дозволија на гостинот да с еврати во игра, така Вардар за нецели две минути повторно го презеде водството, 24-22 во 44 минута. Време гостите да бараат тајмаут. Се одбрани Вардар, и во напад Горига погодува за 25-22, предност која Тузолана ја зголеми на 26-24 во 46 минута. „Црвено-црните“ првпат имаа предност од четири гола.

Највисоките „плус 5“ за водство 27-22 домаќините ја имаа во 48 минута откако Јанковски од својата половина го погоди празниот гол на Кристијанштад. Тука се надѕираше и триумфот на „црвено-црните“. Во последните 10 минути Вардар влезе со предност од петгола, ама брзо гостите намалија на 29-26 во 53 минута по што Иван Чупиќ бараше минута одмор, и од тие сoвети дојде и голот за повисоко водство.
Последните пет минути донесоа водство од 31-27 за Вардар и напад од кој Јака Малус зголеми на 32-27, а на спротивната страна Милош Валах со својата 15-та одбрана пак ја дигна публиката на нозе. Се беше решено, и се чекаше само знак з акрај и со колкава разлика ќе заврши средбата во корист на Вардар.
Во следното коло Вардар треба да му гостува на Сесвете во Загреб, дуел што може да донесе и потврда на место во следната фаза за скопјани. Вечерва Хрватите му гостуваат на Тулуз во Франција од 20,45 ч.

























