Додека имаа сили, а тоа беше само во првите десет минути од натпреварот гостите од Неготино се држеа, а потоа резултатот беше според предводувањата, бидејќи поранешниот шампион Вардар 1961 лесно триумфираше, 35-19 (17-9) против Вардар Неготино.
За скопскиот Вардар ова беше петти триумф сезонава во Супер лигата, а вкупно десетти во новата сезона на офицјални натпревари. “Црвено-црните“ се лидери во Б групата со максимални 15 бода, а Вардар Неготино останува на дното на табелата без освоен бод.
Тренерот Владо Недановски кој уште минатото коло повторно се врати на клупата откао ја издржа казната од четири натпревари, им даде шанса на оние што немаат многу можност да играат на некои други мечеви. Своја минутажа доби и голманот Васил Гогов, крилото Марио Стојановски, бекот Нилстон Мело, па и Хансер Родригез. Нк лупата на резервни играчи ги немаше Стефан Петриќ и Марко Мишевски.
На секој постигнат гол на Вардар Неготино, домашните ракометари постигнуваа двојно, а има аи неколку сериисо кои го „скршија резултатот“ и направија предност која гарантираше и лесна победа на крајот.
Тимот од Неготино во 9 минута имаше негатива од два гола (6-4), а потоа „се разбуди Вардар“ па за десет минути веќе имаше водство до 13-6. Функционираа добро сите лини во нападот, што им донесе предност за да може да се комбинира со различни постави во нападот. Голманот Васил Гогов во тој период одбрани 8 топки и еден пенал.
Првпат „десетката“ беше раситнета во 42 минута кога Лазаревски зголеми на 23-12 како најава за триумфот. Но, тука не застанаа „црвено-црните“ па во следните напади зголемија на 25-12 и на 27-12.
Неизвесно беше само со кој резултат ќе заврши мечот. Вардар стигна и до „плус 17“ з аводство 30-13, но потоа малку спласна играта, и гостите успеаја да намалат, но сепак разликата да остане двоцифрена.
Кај домашните најефикасни беа Матија Николиќ и Ален Ќосевски со по 6 гола, а голманот Васил Гогов одбрани 15 топки и седмерец. Кај гостите ЛАзар Адамовиќ даде 9 гола.
Во следното коло Вардар треба да игра со Мулти Есенс, а Вардар Неготино е домаќин на Бутел.