Тимот на Вардар го освои трофејот на првото издание на меѓународниот турнир „Атлетик и пријателите“ во организација на прволигашот Атлетик.
Вардарки славеа во клучниот натпревар од третото коло, кој беше практично финале, против Куманово со 35-22.
Претходно во првиот меч од третото коло, домаќинот Атлетик и Будуќност 2 ремизираа, 21-21 и со тоа останаа без шанси да стигнат до трофеј. По првите два играчки дена, четирите екипи беа со биланс една победа и еден пораз.
Второто место го освои Атлетик, Будуќност 2 беше трет, додека Куманово заврши на четвртото место.
























