Вардар ги почна подготовките за новата сезона, и првите денови тренира „на рати“ бидејќи дел од ракометарите треба да извршат медицински прегледи, а другите тренираат во теретана.
Од следната недела сите ќе бидат заедно и ќе тренираат двапати дневно пред заминување на висински подготовки.
За новата сезона тренеот Иван Чупиќ ќе смета на 22 ракометари кои ќе се борат за 16 места на секој меч.
Во моментов само Кристијан Стаменковиќ од овој состав не тренира, бидејќи се рехабилитора по операцијата на коленото.