Прилепчани веќе се помирија со тоа дека ќе играа за опстанок во Супер лигата, иако на дуелот со Вардар во Скопје долго време беа во игра, и резултатски не му дозволија на домаќинот лесно да победи. Иако од 17 минута играа без Младен Крсманчиќ кој доби директен црвен картон, Вардар сепак триумфираше на дуелот со Прилеп 36-25 (16-12), иако потешко од очекуваното. Барем во првиот дел од натпреварот гостите се држеа, и беа постојано резултатски во игра. Потоа во самата завршница вардарци имаа повеќе сила, повеќе ротација и нерви да погодат кога требаше.
Вардар привремено е на делба на првото место на тебелата додека не се комплетира целото 1 коло, а Прилеп останува на позиција со 14 бода, и со теоретски шанси дека може да дојде до плејофот.
Вардарци пак комбинира со составот па на терен ги немаше Горига, Мело, Срдановиќ, Коиј, Ќосевски.
Водеше Вардар со 7-3, и потоа како да „застана“. Прилеп имаше одличен период во кој на мали на -7 во 19 минута. Претходно дојде исклучувањето на Крсманчиќ кој според судиите директно го погодил гостинскиот голман Иван Ангелски во глава при изведување на пенал. Потоа уште двапати прилепчани намалија на „минус 1“, 9- и 10-9, за да тргне вардаровиот воз.
За три минути Вардар нанижа неколку голови по ред и поведе со 13-9, најавувајќи дека полека ја прави разликата што треба да им донесе помирна завршница
Голманите во првото полувреме имаа значајна улога, особено Ангелески кој имаше 10 одбрани од што два пенали, и во еден момент имаше повеќе одбранети топки отколку шпто неговите соиграчи погодија. На спротивната страна Еспиња „само“ шестпати реагираше со одбрана. Во вториот дел Васил Гогов кога беше најпотребни и кога Вардар се одлепуваше резултатски имаше успешни одбрани, меѓу нив и два пенала помагајќи има на соиграчите полесно да реализираат.
Разликата што ја направи Вардар во последниот дел од првото полувреме ја зачува и за продолжението каде откако неколкупати имаше предност од пет гола, конечно во 4 минута преку Ашраф ја зголеми на 28-22, што беше позитива од 6 гола. Со оваа разлика од шест гола во корист на Вардар се влезе и во последните десет минути од средбата каде очигледно беше дека „црвено-црните“ ќе ги освојат планираните бодови.
После неколку обиди резултатот беше со седум гола во корист на Вардар кој водеше со 30-23, а пред самиот крај дојдоа и до „плус 9“, а во последната минута и за предност од 11 гола.
Денис Шабановиќ од Прилеп со 9 гола бепе најпрецизен на средбата, а во гостинскиот тим седум голови даде Томислав Квастек. Кај домашните Милан Лазаревски постигна гола, а Маргели Ашрах два помалку.
Во следното коло Прилеп гостува кај Тиквеш, а Вардар игра на гости кај Куманово.