Тимот на Вардар и Анжела Платон ќе сметаат на скоро сите ракометарки од актуелниот ростер и за наредната сезона во Женската лига.
Раководството на „црвено-црните“ беше активно на полето на продолжувањето на соработките и заврши голема работа.
Основата на тимот и за наредната сезона ќе биде иста – остануваат Леона Миленкоска, Вероника Ѓорѓиевска, Андреа Илиќ, сестрите Попови…
Дел од кадетките што ја освоија титулата во Македонија, ќе бидат приклучени кон првиот тим, иако некои од нив и од претходно играа за екипата на Платон.
Вардар ја продолжува мисијата на создавање и вложување во млади ракометарки, а посебен акцент ќе се стави на „златната кадетска генерација“.
Од клубот единствено заминува Сара Богојеска.