Поранешниот шампион на Македонија, Вардар, во рамки од 12. коло од плеј-офот на свој терен ќе го пречека вицепрвакот.
За избраниците на Владо Недановски овој дуел има големо значење, бидејќи со евентуална победа над „сино-белите“ ќе останат во игра за шампионската титула.
На првиот одигран дуел вардарци ги освоија бодовите на гостинскиот терен кај вицепрвакот, триумфираа со 27:23.
Од таборот на „црвено-црните“ веќе ги пуштија во продажна билетите за дуелот против составот на Лазаров.
Натпреварот меѓу Вардар и тимот од Автокоманда ќе се одигра на 2 мај со почеток од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Продажбата на билетите, кои изнесуваат 200 и 250 денари, ќе се врши онлајн, односно на следниот ЛИНК, преку продажната мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ и преку нивната продажна мрежа, како и на билетарницата пред СЦ „Јане Сандански“.
Работното време на билетарницата ќе биде: четврток, 2 мај од 15 до почеток на натпреварот.