Дербито од 3 коло во суперлигашкиот плеј-оф меѓу Вардар и Охрид поради европскиот настап на „гладијаторите“ не се одигра викендов, туку е закажано за 2 април.
„Црвено-црните“ решија за овој дуел дека нема да се продаваат билети и влезот во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде слободен.
Вардар нема одиграно натпревар од гостувањето кај Еурофарм Пелистер на 15 март, па момците на Чупиќ сигурно се желни за нов предизвик.
Охрид е во добар моментум, славеше на жежок терен во Атина и двобојот со Вардар доаѓа меѓу двете европски пресметки.
Со триумф, вардарци ќе направат уште еден крупен чекор кон титулата, додека Охрид растоварен од притисок, може да му направи проблеми на домаќинот и да се искачи на второто место.
Натпреварот меѓу Вардар и Охрид се игра в четврток од 18:30 часот.

























