Иако играа без Кусоке Јасухира, Нилтон Мело, а некои од стандардните играчи речиси поголем дел од средбата го минаа н аклупа, како Срдановиќ, па и Николиќ, повеќекратниот македонски првак Вардар немаше никави проблеми на дуелот со дебитантот во лигата. Триумфот од 40-23 (20-11) го задржа тимот на Вардар на врвот на табелата во Б групата, и до крај на регуларниот дел по групи им останува уште средбата со Голден Арт.
„Црвено-црните“ водеа цел натпревар против тимот од Автокоманда па можеа дури и да ги испробуваат и новите акции, бидејќи беа супериорни и немаше дилеми дека ќе победат. Добија шанса да играат сите, и секој ги „одработе“ своите минути на теренот. Единствено Стефан Атанасовски не влезе во игра.
Во првиот дел Марко Мишевски како среден бек одлично ги „врза“ редовите на тимот, Томи Јагуриновски и Милан Лазаревски најпрецизни, а пивотменот на домаќините пожртвуван за секоја топка, потсетувајќи на Стоилов во деновите кога доминираше на теренот.
Мартин Томовски долго време имаше број на одбрани колку што гостите имаа постигнато голови, а првото полувремe го заврши со 6 одбрани и еден седмерец. Неговио тколега Васил Гогов продолжи во вториот дел со 8 одбрани, и седмерец.
„Десетката“ беше раситнета на почетокот н авторото полуврем екога Вардар поведе со 22-12. Потоа се зголемуваше до 32-17 во 48 минута како највисоко дотогаш на натпреварот. Мартин Карапалевски лесно постигнуваше голови, проигруваше, а во 51 минута зголеми на 33-17.
Не се задоволија вардарци само со триумф, туку ја полнеа мрежата на ривалот. Срдановиќ во 53 минута од контра зголеми на 35-18, а она што го промашија потоа во нападот вардарци, го реализираше пак Срдановиќ за 36-18 на пет минути до крај на средбата. До крај Вардар стигна до 40 гола, и разлика од „плус 17“.
Во тимот на Вардар најпрецизни беа Милан Лaзаревски со 7 гола, еден помалку постигна Томислв Јагуриновски. Кај гостите од Автокоманда најмногу голови постигнa Валентин Карасманакис – oсум.
ТАБЕЛА Б ГРУПА