Вардар донесе ново крило – потпиша до полусезона

Вардар потврди дека имаат нов играч, кој треба да биде замена за повредениот Махамаду Кеита. По неколкудневни тренинзи со екипата, Вардар го ангажираше Жуниор Тузолана (30 години, 187 см.) кој игра на позицијата лево крило.

Махамаду Кеита во следните месеци ќе биде надвор од теренот поради операција на рамото што беше направена пред неколку денови.

Ангажманот на Тузолана е до крајот на полусезоната, со можност соработката да продолжи до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Тој доаѓа од екипата на Сесон во Франција, каде играл последните четири сеозни.

Претходно настапувал за Понто-Комбо, Истр и неколку сезони за Нант. Лани настапи на 24 натпревари во француската лига и постигнал 49 гола.