Вардар доби нов бомбардер – потпиша Леон Љевар

Вардар објави дека потпиша двегодишен договор со талентираниот хрватски репрезентативец Леон Љевар, кој доаѓа во Скопје веќе од следната сезона.

Љевар (24), роден во Ријека, Хрватска, е висок 198 цм и настапува на позицијата лев бек. Доаѓа од словенечкиот клуб Слован Љубљана каде што оваа сезона остави силен впечаток со одлични игри во Европската лига – постигнувајќи дури 44 гола и истакнувајќи се како еден од најзначајните стрелци на својот тим.

Покрај клупските успеси, Љевар е и член на хрватската репрезентација, каде што неодамна имаше одлични настапи и ги привлече вниманието на ракометната јавност низ Европа.

Поради мала повреда мораше да го пропушти ЕП во Данска, Шведска и Норвешка, иако беше на списокот на хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон.