Во некомплетен состав без репрезентативците кои настапуваат на СП, и некои ракометари кои се опоравуваат од ситни повреди, Вардар ја одигра првата контролна средба во 2025 година.
Натпреварот против српскиот тим Дубочица Лесковац, кој гостуваше во СЦ „Јане Сандански“ заврши 29-29. Двајцата тренери им дадоа шанса на сите ракометари да играат и да испробаат повеќе тактички замисли.
„Црвено-црните“ ги немаа во составот Лазаревски и Јагуриновски кои играа на СП, исто како и Коиј, Маргели и Родригез, кои исто така беа дел од Мундијалот.
Стратегот на Вардар, Милано, за овој дуел не сметаше ниту на Дмитро Горига и Вуко Борозан. Вардар планира да одигра уште неколку контролни средби до почетокот на пролетниот дел од сезоната, односно продолжението на регуларниот дел од Супер лигата.