Вардар без половина тим пресилен за Радовиш

По триумфот на дербито против шампионот Еурофарм Пелистер, Вардар ја продолжи победничката серија во Супер лигата и славеше на гостувањето кај Радовиш со 33-27 за шест од шест на стартот на сезоната.

Без Малус, Георгиевски, Кеита, Горига, Танкоски, Валах…повредените Кеита, Лазаревски, Стаменковиќ и Еспиња, „црвено-црниот“ тим на Чупиќ беше пресилен за домашниот тим кој остана единствен без освоен бод во елитната конкуренција.

Радовишани одржуваа рамнотежа во првиот дел дваесетина минути, кога хрватскиот стратег викна минута одмор, па неговите момци заиграа поангажирано и почнаа да ја градат разликата. На паузата, Вардар водеше со 18-14.

Во вториот дел тие рутински ја одработија својата задача и да не беше домашниот голман Ацев во финишот, кој запре неколку удари во серија на Вардар, победата многу веројатно ќе беше двоцифрена.

Во следното коло Вардар игра дома со Прилеп, додека Радовиш ќе игра на гости ка Охрид.