Најголемото дерби во македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар што е закажано за в недела на 22 октомври, би можело да биде одложено за друг датум.
„Црвено-црниот“ тим има големи проблеми со играчкиот кадар, па бара одложување на натпреварот со битолчани.
Поради новонастанатата здравствана ситуација во клубот, Вардар испрати допис и информација до Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија и до Еурофарм Пелистер.
„Би сакале да Ве известиме дека во моментов, заклучно со денешниот последен тренинг на екипата, имаме 15-тина играчи и членови на Стручен штаб кои се зафатени од тешка вироза и не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар. Поради ова, би сакале да најдеме заедничко решение за оваа состојба која го зафати клубот, а се во интерес на регуларноста на Првенството, фер-плејот и спортското џентлменство. За поткрепа на се ова што го говориме во текот на утрешниот ден, ќе испратиме и медицински извештаи со кои што се потврдува горенаведеното. Во овој момент, би сакале да побараме Официјално одложување на натпреварот од 8-коло Супер-лига мажи, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, се до пронаоѓање на следен датум којшто ќе одговара на двете екипи“, се вели во соопштението на Вардар.
Драма во Вардар: Тренерот во болница на инфузија – 10 играчите со вирус