Тимот на Ваљадолид кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Давид Писонеро, ја пронајде замената за Дарко Димитриевски.
Нов играч во редовите на Ваљадолид ќе биде 23-годишниот репрезентативец на Португалија, Густаво Оливеира.
Левиот бек е под договор со Бенфика, но португалскиот клуб реши Оливеира во следните две сезони да настапува на позајмица во тимот на Писонеро.
Освен Оливеира, во Ваљадолид пристигна уште еден Португалец, станува збор за кружниот напаѓач Лукас Рибеиро.
Во Ваљадолид од новата сезона ќе настапува и довчерашниот член на Вардар, средниот бек Мартин Карапалевски.
Дресот на Ваљадолид од летото, 2022, го носи повремениот репрезентативец на Македонија, Димитар Димитироски.