Тоа што го најави 24Ракомет пред неколку месеци, дека Дарко Димитриевски заминува од Ваљадолид, денеска доби официјализација од страна на клубот.
Откако дојде во Ваљадолид од германскиот Емсдетен, Димитриевски одигра 52 меча и постигна 146 погодоци, а играше и важна улога во одбраната на тимот предводен од екс стратегот на Вардар, Давид Писонеро.
Тој потекнува од составот на Борец, а во Македонија играше за МРК Вардар, Куманово и Металург во два наврати.
На меѓународна сцена беше член на Катар Спорт, унгарскиот Чурго, израелскиот Хапоел Ашдод, германскиот Емсдетен, а во Асобал лигата играше за Сагунто, Адемар Леон и Синфин, а ова лето ќе комплетира шест сезони во Шпанија.
Во Ваљаолид ќе остане вториот македонски интернационалец Димитар Димитриоски, кој ја продолжи соработката за уште една сезона.